Српскиот патријарх ги повика децата и учениците да се вратат во клупите
- „Да блокираме се што нас не одвојува од Бога и да ги отвориме нашите срца, нашите души, еден за друг. Да бидеме подготвени да се слушаме. И да направиме се што можеме за да не се повредиме“, рече патријархот на денешната литургија.

Белград, 16 март 2025 (МИА) - Српскиот патријарх Порфирије денеска ги повика децата и учениците да се вратат во училниците, со порака да се отворат срцата и душите еден-за-друг, јави МИА од Белград.
„Да блокираме се што нас не одвојува од Бога и да ги отвориме нашите срца, нашите души, еден за друг. Да бидеме подготвени да се слушаме. И да направиме се што можеме за да не се повредиме“, рече патријархот на денешната литургија.
Тој додаде дека потпирајќи се на денешното Евангелие би сакал децата да се вратат во основните и средните училишта, а студентите на универзитетите.
„И дека токму блокирајќи го сето она што е грев, блокирајќи ги лошите мисли, злите зборови, лошите постапки еден кон друг, сите разговараат меѓу себе и учат, учејќи еден од друг, дека го наоѓаат најдобриот пат на кој има место за секого“.
Кога станува збор за студентските барања, патријархот рече дека нема човек кој не е за исполнување на барањата на студентите. зш/
фото Википедија