• сабота, 23 ноември 2024

Српскиот министер за државна администрација позитивен на коронавирусот

Српскиот министер за државна администрација позитивен на коронавирусот
Белград, 12 јули 2020 (МИА) – Српскиот министер за државна администрација и локална самоуправа Бранко Ружиќ потврди дека е позитивен на коронавирусот и оти е во самоизолација. Тој за Танјуг изјавил дека е дома и се чувствува добро. - За сега сум добро. Нема температура, нема кашлица, моите бели дробови за сега се добри, како и мојата крвна слика, рече Ружиќ и додаде дека зема терапија и оти ќе биде во самоизолација наредните 14 дена. јт/

Остани поврзан