• вторник, 10 март 2026

Средношколци од Кавадарци ќе го посетат Собранието во рамки на едукативниот настан „Имам став!“

Средношколци од Кавадарци ќе го посетат Собранието во рамки на едукативниот настан „Имам став!“

Скопје, 10 март 2026 (МИА) - Средношколци од СОУ „Добри Даскалов“ од Кавадарци денеска ќе го посетат Собранието на Република Северна Македонија за едукативната активност „Имам став!“ организирана од Парламентарниот институт.

„Имам став!“ е активност наменета за ученици од средните училишта во државата и претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во  Собранието.

-Целта на „Имам став!“ е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост, соопшти собраниската прес-служба. хс/дма/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан