• четврток, 25 април 2024

Средношколците од Крива Паланка на работилница за превенција од трговија со луѓе

Средношколците од Крива Паланка на работилница за превенција од трговија со луѓе

Крива Паланка, 6 јуни 2023 (МИА) - Со едукативен настан од областа на превенција од трговија со луѓе, полициските службеници од Регионален центар за гранични работи - Исток синоќа реализираа едукативна превентивна средба со учениците од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, на тема „Превенција од трговија со луѓе“. 

-Покрај подготвената презентација за појавата и формите на трговија со луѓе, учениците имаа можност да го проследат и филмот ,,Набљудувачи“ со едукативен карактер и потоа преку анализа на филмот во разговор со полициските службеници можеа да ги воочат различните ситуации во кои може да се најде млада личност, а коишто можат да доведат до негативни искуства, информира Елена Ѓоргиевска,  директорка на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка. 

Таа посочи дека низ разговорите учениците биле запознаени со начините за детектирање и превенирање на овој вид криминал.

Во текот на целата учебна година СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка е во континуитет вклучено во сите активности на локално ниво во организација на Локалниот совет за превенција на Општина Крива Паланка, со низа едукативни, превентивни содржини, работилници, тактичко-показни вежби на итните служби и дополнително, останати теренски активности во соработка со Одделението за внатрешни работи Крива Паланка.

Целта на активностите спречување и рана детекција на малолетничка деликвенција, врсничко насилство и останати форми на нарушување на јавниот ред и мир. ид/хс/


Фото: СОУ „Ѓорче Петров“ - Крива Паланка 

Остани поврзан