• четврток, 26 март 2026

Средношколски Форум: Денеска нема настава во 90 отсто од средните училишта во Белград

Средношколски Форум: Денеска нема настава во 90 отсто од средните училишта во Белград

Белград, 20 јануари 2025 (МИА) -  Белградскиот средношколски форум има податоци дека денеска во 90 отсто од средните училишта во Белград нема настава, изјави потпретседателката на тој синдикат Ана Димитријевиќ, објави ТВ Н1.
„Во преостанатите десет проценти од белградските средни училишта се одржува минимум наставен капацитет“, вели Ана Димитријевиќ.

Таа додаде дека, според податоците што кружат меѓу просветните работници, денеска нема настава во вкупно 60 отсто од основните и средните училишта во Белград. зш/

Остани поврзан