• сабота, 21 декември 2024

Средновековното Војводство Литванија повод за тензии во односите меѓу Литванците и Белорусите 

Средновековното Војводство Литванија повод за тензии во односите меѓу Литванците и Белорусите 

Брисел, 28 јули 2024 (МИА) - Големото Војводство Литванија, кое постоело од 1236 до 1795 година или како независна држава или како дел од Персоналната Унија – Полско-Литвански Комонвелт и се протегало на денешните територии на Белорусија и Литванија, поголемиот дел од Украина, како и делови од Летонија, Молдавија, Полска и Русија, стана повод за тензии во односите меѓу Литванците и Белорусите. 

Литванската и белоруската историографија имаат различна перцепција на некои случувања во Големото Војводство Литванија и периодот на заедничко живеење на Литванците и Белорусите во иста држава, но досега се чинеше дека тоа не претставува голем проблем за односите меѓу двата народи. 

Но, проблемот настана со пројавите на присвојување на Големото Војводство Литванија од страна на белоруските националисти, особено во дијаспората, кои се обидуваат да и дадат белоруски карактер на оваа средновековна држава. Поддржувачите на ваквите тези, кои се нарекуваат „Литвини“, дури тврдат дека Белорусите се „вистински потомци на наследството на Големото Војводство Литванија“. 

Според расположливите податоци, кон крајот на 15-от век над 50 проценти од населението на Големото Војводство Литванија биле Рутени, предци на денешните Белоруси и Украинци, речиси 45 отсто биле Полјаци, а само нешто над пет отсто Литванци. Во втората половина на 18-от век околу 70 проценти од жителите на Војводството биле Словени, мнозинството Рутени, а речиси 30 отсто Литванци. Овие податоци се повод за присвојувањето на наследството на Големото Војводство Литванија од страна на „Литвините“, кои тврдат дека оваа средновековна држава „останува важен дел од белорускиот идентитет“. 

Последниве месеци повеќе литванските политичари и јавни личности добиваат мејлови од групи од Литванија, кои себеси се опишуваат како поддржувачи на „Литвинизмот“. Дополнително, на улиците на Вилнус се појавија графити „Вилнус е наш“ напишани на белоруски јазик. 

Анализата на некои испратените мејлови дури утврдила дека нивниот автор е лице кои „не е навикнато да пишува на кирилица“, официјалната азбука во белорускиот јазик. Во врска со мејловите, литванскиот Оддел за државна безбедност оцени дека во Литванија нема организирани групи кои го промовираат „Литвинизмот“, иако „некои членови на белоруската дијаспора поддржуваат радикални политички идеологии“. Одделот смета дека овие мејлови се обид за „психолошки и информативен притисок“ од страна на белоруските власти со цел да поттикнат омраза меѓу Литванците и Белорусите. 

Ваквите појави и идеи го активираа алармот во Литванија каде историчари и политичари активно дебатираат за „заканите“ кои можат да дојдат од идеологијата на т.н. „Литвини“. 

Во дел од овие дебати беше посочено дека „Литвинизмот“ е само дел од инструментите на пропагандна војна, од кои никаква корист немаат ниту Белорусите, ниту Литванците. Поборниците на ова теза сметаат дека целта на овие „информативни напади“ е да се засили чувството на загриженост кај Литванците од белоруската закана.  

Десетици илјади луѓе се собраа денеска повторно на улиците во Минск, иако власта се закани дека против демонстрантите ќе употреби огнено оружје со боева муниција.

Според литвански историчар Рустис Камунтавичиус, идејата на „Литвинизмот“ предизвикува стравувања меѓу Литванците и им дава основа да сметаат дека „Белорусите го сакаат главниот град на земјата“, Вилнус. 

Други учесници на дебатите, пак, за ширењето на идејата на „Литвинизмот“ ја обвинија белоруската дијаспора во Литванија, оценувајќи дека таа зазема „антидржавни позиции“. 

На целата расправа се надоврза и лидерката на белоруската демократската опозиција Свјатлана Циханускаја, која оцени дека „Литвинизмот“ е вештачки создаден проблем кој има за цел „да ги заплаши Литванците“. 

Од друга страна, белорускиот опозициски политички експерт Павел Усов, кој е познат по своите конзервативни ставови, смета дека „проблемот со Литвинизмот“ можеби го креирале самите литванските политичари со цел „да го консолидираат општеството“ пред претседателските избори во Литванија што се одржаа во мај годинава. 

Сакам да кажам, за да немаме никакви двосмислености. Често ми забележуваат - ’нема да се откаже од власта’. И со право ми забележуваат. Народот не ме избра заради тоа, нагласи белорускиот пре

Историчари и експерти посочуваат дека белорускиот претседател Александар Лукашенко и неговите приврзаници никогаш вистински не биле особено заинтересирани за делот од историјата на Белорусија поврзан со Големото Војводство Литванија, туку пред се им давале приоритет и значење на советскиот период. Според нив, официјален Минск го користи „наследството на Големото Војводство Литванија“ од политички причини пред се во односите со Москва и моменталната потреба за приближување или оддалечување од Русија. 

Тие потсетуваат дека во една прилика на почетокот на својот прв претседателски мандат во средината на 90-те години на минатиот век Лукашенко изјави дека Големото Војводство Литванија било „непријателска држава“ во која Белорусите биле угнетувани од полските и литванските феудалци. Но, кога во текот на втората деценија на 21-от век односите меѓу Белорусија и Западот, пред се ЕУ, се затоплија, белоруските власти поставија споменици на литванските големите војводи Алгирдас, кој владеел од 1345 до 1377 и Витаутас (1392-1430), а Лукашенко изјави дека Големото Војводство Литванија е и „белоруска држава“ и дека Белорусите и Литванците се „браќа“. 

Сега, пак, навраќањето на историјата на Големото Војводство Литванија како на „окупаторска држава“ е со цел на белоруското население да му се објаснат причините за зајакнувањето на врските со Русија и позиционирањето на соседите како некои кои сакаат да ги истиснат Белорусите од нивните земји. 

Експертите проценуваат дека најголема корист од растот на тензиите меѓу Белорусите и Литванците би имала Русија, која на тој начин би избегнала трошење дополнителни ресурси за задржување на Белорусија во нејзината сфера на влијание, иако експертските мислења за директната руска инволвираност во активностите на „Литвините“ се поделени. сп/

Фото: МИА Архива/Скриншот

Остани поврзан