Средба Николоски- Нупнау: Македонија е силно посветена на изградба и модернизација на транспортните коридори
- -Потребата од економско зајакнување на Македонија и интеграција во регионот е возможно единствено преку изградба и модернизација на патната и железничката мрежа, потенцирал вицепремиерот Николоски, истакнувајќи ја потребата од силна подршка од европските партнери во овие процеси.
Скопје, 18 јули 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска на средба со заменик амбасадорот на ЕУ, Бен Нупнау ја истакнал силната определба на Владата за развој на инфраструктурата, со посебен фокус на европските коридори 8 и 10, како и кракот 10 д.
-Потребата од економско зајакнување на Македонија и интеграција во регионот е возможно единствено преку изградба и модернизација на патната и железничката мрежа, потенцирал вицепремиерот Николоски, истакнувајќи ја потребата од силна подршка од европските партнери во овие процеси.
Како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски нагласил дека Македонија се движи во правец на инфраструктурна интеграција во регионот, посочувајќи дека Владата започна интензивни процеси на изградба и модернизација на главните европски рути во земјава, истакнувајќи ги проектите за автопатското и железничкото поврзување на коридор 8, особено проектот за изградба на брза пруга на коридор 10.
Во однос на железничкото поврзување со Бугарија, вицепремиерот Николоски ја нагласил определбата на Владата за доизградба на пругата и заедничката реализација на овој проект со Бугарија, особено по средбата што се одржа во Брисел, а во посредство со Европската Унија.
На средбата е потенцирана и важноста од зголемување на капацитетите и потребата од искористување на средствата преку ИПА фондовите.
Интегерцијата на Македонија и соработка со ЕУ е стратешка политика на Владата, посочил вицепремиерот Николоски, истакнувајќи дека ќе продолжи посветено да се работи на реформските процеси, на борбата против корпуцијата и владееење на правото. лв/нд/
Фото: Министерство за транспорт