• петок, 03 јануари 2025

Средба на Ѓурѓај со Спахиу: Актуализирани прашања кои се однесуваат на проблемите на Македонците во Албанија

Средба на Ѓурѓај со Спахиу: Актуализирани прашања кои се однесуваат на проблемите на Македонците во Албанија

Тирана, 31 декември 2024 (МИА) - Претседателот на македонското друштво „Илинден", Никола Ѓурѓај денеска во македонската амбасада во Тирана оствари средба со Луфтим Спахиу, вршител на должноста амбасадор.

- Ми беше посебна чест и задоволство на последниот ден од годината да остварам работна средба со вршителот на должноста македонски амбасадор, Љуфтим Спахиу, објави Ѓурѓај на Фејсбук.

Тој додаде дека на средбата биле актуализирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија. 

-Македонскиот амбасадор даде поддршка во рамки на надлежностите за активностите на македонско друштво „Илинден”-Тирана и за македонско национално малцинство во Република Албанија, нагласува Ѓурѓај.вт/бт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан