Нови клупи, столчиња и интерактивни табли за основните училишта во Општина Бутел
- Општина Бутел обезбеди нови клупи, столчиња и смарт-табли за учениците во општинските основни училишта.
Скопје, 3 јануари 2025 (МИА) - Општина Бутел обезбеди нови клупи, столчиња и смарт-табли за учениците во општинските основни училишта.
Од општинската прес-служба информираат дека училишниот мебел не бил обновен повеќе години. Посочуваат дека локалната самоуправа преку континуирани инвестиции во основните училишта обезбедува подобри услови за учениците.
-Новите смарт-табли овозможуваат интерактивно учење, го зголемуваат интересот за настава и го збогатуваат наставниот процес. Општина Бутел продолжува со активности за дигитализација во образованието. Воедно, локалната самоуправа постојано вложува во подобрување на стандардите за следење на наставата. Образованието и младите остануваат врвен приоритет на градоначалникот Дарко Костовски, се наведува во соопштението од Општина Бутел. фф/нд/
Фото: Општина Бутел