Средба на Стоилковиќ со германската амбасадорка Дреклсер
- На средбата е констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се базирани на пријателство и соработка во повеќе сфери од заемен интерес, а соговорниците изразиле подготвеност за нејзино понатамошно продлабочување, информираа од Министерството.

Скопје, 13 јануари 2024 (МИА) - Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, предводена од амбасадорката Петра Дрекслер. На средбата е констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се базирани на пријателство и соработка во повеќе сфери од заемен интерес, а соговорниците изразиле подготвеност за нејзино понатамошно продлабочување, информираа од Министерството.
Вицепремиерот Стоилковиќ ја запознал амбасадорката Дрекслер со функционирањето на Министерството за односи меѓу заедниците, плановите за оваа календарска година и нагласил дека интензивно се работи на промена на односот кон помалите етнички заедници, но и фактот дека МОЗ треба да прерасне во институција која ќе работи во корист на сите етнички заедници во земјава.
Двајцата соговорници се согласиле дека соработката меѓу двете земји, пред сѐ, базирана на долгогодишно пријателство е клучна, и дека дополнително треба и може да се продлабочи. сст/бак/
Фото: Министерство за односи меѓу заедниците