• четврток, 19 декември 2024

Средба на претставници од УСС - УКИМ со министерот Андоновски за повисок студентски стандард

Средба на претставници од УСС - УКИМ со министерот Андоновски за повисок студентски стандард

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Универзитетското студентско собрание (УСС) при УКИМ денеска оствари средба со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. На средбата беа дискутирани неколку важни точки, поврзани со подигнување на студентскиот стандард, преку процесот на дигитализација во високото образование, информираат попладнево од УСС - УКИМ.

- Се фокусиравме на следново: дигитализирање на статистички обрасци што ги пополнуваат студентите, во соработка со Државниот завод за статистика и Министерството за дигитална трансформација, со цел побрза и поефикасна размена на податоци меѓу институциите; електронско аплицирање за ЈСП - студентската картичка, како и електронско аплицирање за здравствено осигурување за студентите, со што ќе се елиминира потребата од физичка апликација и непотребни административни процедури; воведување исклучиво електронски упис на студентите на факултет што ќе ја олесни процедурата за новите генерации; иницијатива за дигитализација на книгите за запишани и дипломирани студенти, обезбедувајќи трајна заштита и лесен пристап до овие документи, се наведува во соопштението.

Со овие иницијативи, како што се додава, се цели да се поедностави и модернизира секојдневната редица од студенти и работата на образовните институции. Се додава дека ова ќе ги намали времето и ресурсите потрошени на бирократски процеси и ќе придонесе кон зголемена транспарентност и ефикасност. бд/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан