• петок, 05 декември 2025

Средба на претседателот на Собранието, Африм Гаши со в.д. амбасадор на Катар, Рашид Бин Саид Ал-Хајарин

Средба на претседателот на Собранието, Африм Гаши со в.д. амбасадор на Катар, Рашид Бин Саид Ал-Хајарин

Скопје, 29 септември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со Рашид Бин Саид Ал-Хајарин, вршител на должност амбасадор на Државата Катар.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на средбата Гаши потенцирал дека особено ја цени улогата на парламентарната дипломатија, клучен механизам за продлабочување на билатералните односи, и затоа ја реафирмирал потребата од поблиска соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Советот на Шурата на Државата Катар.

-Во текот на разговорот, претседателот го осуди неодамнешниот напад на Доха и истакна дека оваа недозволива акција е кршење на територијалниот интегритет и суверенитет на Катар. Ваквите милитантни дејствија треба да бидат осудени од целиот демократски свет затоа што ризикуваат да ја ескалираат ситуацијата во регионот и да ги поткопаат напорите за постигнување на прекин на огнот во Газа, се наведува во соопштението.

В.д. амбасадорот Рашид Бин Саид Ал-Хајарин истакнал дека во иднина очекува акцентот на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Државата Катар да биде ставен на унапредување на економската соработка, како и зајакнување на парламентарната допломатија.

Двајцата соговорници искажале големо задоволство од средбата и истакнале дека очекуваат пријателството и соработката што постојат меѓу двете земји во иднина уште повеќе да се зајакнуваат и унапредуваат. дма/са/

Фото:Собрание

Остани поврзан