• понеделник, 23 декември 2024

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со турскиот амбасадор Фатих Улусој

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со турскиот амбасадор Фатих Улусој

Скопје, 5 јуни 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со турскиот амбасадор Фатих Улусој. На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателката, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи, коишто се традиционално пријателски, во духот на стратешкото партнерство меѓу двете држави и сојузништвото во НАТО алијансата. 

- Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за севкупната поддршка што Турција ја дава од првите денови на македонската независност и ја истакна својата посветеност да работи на натамошно унапредување на односите меѓу двете држави во сите сфери од заемен интерес. Во тој контекст, претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата за создавање на неопходните услови за интензивирање на соработката меѓу бизнисите од двете држави, со цел зголемување на трговската размена, се вели во соопштението.

На средбата биле разменети мислења за актуелните состојби во двете земји, безбедносните и политичките случувања во регионот, како и за предизвиците во однос на македонските евроинтеграции.

Претседателката Сиљаноска Давкова изразила очекување дека Турција и во иднина ќе биде конструктивен партнер и поддржувач на нашата држава на билатерален и на мултилатерален план.

На средбата била нагласена и улогата и придонесот на турската заедница во севкупниот развој на државата. сст/бак/

Фото: Кабинет на претседателката Сиљаноска-Давкова

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан