Средба на полициски службеници од СВР Скопје со организаторите и комесарите за безбедност на кошаркарските клубови
- На средбата беше потенцирана соработката и комуникацијата за доследно спроведување на одредбите од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари и заеднички мерки со цел безбедно организирање, одржување и обезбедување на претстојните натпревари кои ги организира Македонската кошаркарка федерација.

Скопје, 26 септември 2024
На 25.09.2024 во просториите на Кошаркарската федерација на Северна Македонија се одржа состанок по иницијатива на претставници од Секторот за внатрешни работи Скопје со организаторите и комесарите за безбедност од 19 кошаркарски клубови со седиште на подрачје на град Скопје.
На средбата беше потенцирана соработката и комуникацијата за доследно спроведување на одредбите од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари и заеднички мерки со цел безбедно организирање, одржување и обезбедување на претстојните натпревари кои ги организира Македонската кошаркарка федерација.
Министерство за внатрешни работи
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.