• сабота, 28 септември 2024

Средба на националниот координатор Трајанов со советникот на ЕУ за борба против тероризам Гриф

Средба на националниот координатор Трајанов со советникот на ЕУ  за борба против тероризам Гриф

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Активностите поврзани со спречување на насилниот екстремизам, ресоцијализација, рехабилитација и реинтеграција на повратници учесници во странски војски, паравоени формации како и поставеноста и ефикасноста на системот за борба против тероризмот биле теми на денешната средба на националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам Павле Трајанов со Еди Гриф, регионален советник од Европската Унија за борба против тероризам/безбедност со седиште во ЕУ делегацијата во Сараево.

Во активностите за кои се зборувало на средбата се вклучени 22 институции со поддршка на САД, ОБСЕ, Совет на Европа како и повеќе други држави и меѓународни фондации, голем број на невладини организации, верски заедници и други чинители.

-Заедничка оцена е дека Република Северна Македонија во целост ги имплементира донесените национални стратегии за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, акциските планови и другите приоритети согласно надлежностите. Република Северна Македонија го имплементира и заедничкиот акциски план за борба против тероризам во Западен Балкан, се наведува во соопштение собраниската прес-служба.

На средбата присуствуваа и Христо Тончев, политички советник во Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија како и претставници од други институции кои партиципираат во Националниот комитет за СНЕ/БПТ. лв/дма/

фото: Собрание на РСМ 

Остани поврзан