• сабота, 21 декември 2024

Средба на Муцунски, Мицевски и Митева со Копман и Матуела

Средба на Муцунски, Мицевски и Митева со Копман и Матуела

Скопје,18 мај 2023 

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот Тимчо Муцунски, заедно со координаторот на пратеничката група Никола Мицевски и членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева остварија средба со генералниот директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР), Герт Јан Копман, и вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Микела Матуела.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во Македонија каде ја истакнавме нашата загриженост за високиот степен на корупција во врвот на власта и немањето реформи во делот на владеењето на правото.

Во врска со евроинтегративниот процес на Македонија уште еднаш недвосмислено потврдивме дека тоа е стратешки интерес на нашата држава, но без негирања и условувања кои ги бара Бугарија. Уставните измени, во овој парламентарен состав и под бугарски диктат ВМРО-ДПМНЕ нема да подржи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан