• четврток, 26 март 2026

Мисајловски - Пирс: Одбранбената соработка со Обединетото Кралство на највисоко ниво

Мисајловски - Пирс: Одбранбената соработка со Обединетото Кралство на највисоко ниво

Скопје, 14 мај 2025 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана разговарал со новата специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западниот Балкан, Дама Карен Пирс, придружувана од амбасадорот Метју Лосон и одбранбеното аташе, потполковник Едвард Џон Грин.

- Честитки до Дама Карен Пирс за изборот на оваа позиција, која е доказ за тоа дека развојот на меѓусебната сојузничка соработка е високо на агендата на Обединетото Кралство. Благодарност за сета досегашна поддршка на македонската Армија која значително ги зајакна врските помеѓу двете Армии и нивните припадници. Остануваме силно посветени на одбранбената соработка која значи посилна Алијанса и побезбеден регион!. напиша министерот Мисајловски на неговиот фејсбук профил. цр/аа/

Фото: фејсбук на министерот за одбрана Владо Мисајловски

Остани поврзан