Средба на министерот Чупи со претседателот на МАЕИ, Стерјовски
- Македонскиот министер за дијаспора, Џемаил Чупи, за време на престојот во Тирана оствари средба со Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) и друштво

Тирана, 1 јуни 2022( МИА) - Македонскиот министер за дијаспора, Џемаил Чупи, за време на престојот во Тирана оствари средба со Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) и друштвото „Сонце“, како и поранешен пратеник во албанскиот парламент.
Стерјовски го информирал министерот за активностите на партијата, друштвото и за претстојниот попис на населението во Република Албанија, што ќе се спроведе во октомври годинава, како и за потребата за уште поголема поддршка од страна на матичната земја во зачувувањето на националниот и културен идентитет на македонското малцинство во Р. Албанија.

Подготвеност за поддршка на сите идни активности на амбасадата во делот на финансирање на македонските друштва Чупи ја искажал и на средбата со амбасадорот Данчо Марковски.
- Со амбасадорот Марковски разговаравме за работата и активностите на ДКП при што амбасадорот истакна дека амбасадата во овој период освен билатералните односи и редовните конзуларни работи, реализира повеќе проекти од областа на културата со цел зачувување на културниот и националниот идентитет на македонското национално малцинство во Албанија, објави министерот Чупи на Фејсбук. вт/ар