• четврток, 26 март 2026

Средба на министерот Тошковски со јапонската амбасадорка Кавахара Сецуко

Средба на министерот Тошковски со јапонската амбасадорка Кавахара Сецуко

Скопје, 5 мај 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска имаше работна средна со амбасадорката на Јапонија во земјава, Кавахара Сецуко, соопшти МВР.

На средбата стана збор за одличните односи помеѓу двете земји, волјата за унапредување на соработката и на стратешко и на оперативно ниво, а се разменија и иницијативи за нејзино продлабочување преку членување во разни меѓународни организации за полициска соработка.

Двете страни ја потврдија силната волја и посветеност на развивање на меѓусебните односи и соработка, преку конкретни предлози за нивно реализирање, се наведува во соопштението од МВР.са/

Фото: МВР

Остани поврзан