• недела, 22 декември 2024

Средба на министерот за внатрешни работи Тошковски и заменик министерот Буши со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации

Средба на министерот за внатрешни работи Тошковски и заменик министерот Буши со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации

14 февруари 2024 

На 14.02.2024 година, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот Назим Буши одржаа работна средба со г-ѓа Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации.

На средбата беше разговарано за меѓусебната соработка, за која се констатираше дека е на многу високо ниво и од година во година се продлабочува, а воедно беше посочено дека Министерството за внатрешни работи е клучен, стратешки партнер на агенциите на ООН во земјава.

На средбата, министерот Тошковски стави акцент на почитувањето на основните човекови слободи и права, поврзувајќи ги со правото на слободно движење кое им се крати на граѓаните со неможноста навремено да ги извадат своите патни исправи.  

Во однос на потенцијалните области каде соработката би можела да се прошири на нови области, министерот Тошковски истакна дека е важно започнатите проекти и активности со Канцеларијата на ООН да се реализираат во целост, а новите предлози за соработка да се координираат благовремено како би придонеле за целосен успех во насока на градење на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.

Министерство за внатрешни работи

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан