• петок, 05 декември 2025

Средба на министерот Дурмиши со в.д амбасадорот на Катар Ал-Кајарин

Средба на министерот Дурмиши со в.д амбасадорот на Катар Ал-Кајарин

Скопје, 27 јуни 2025 (МИА) - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска се сретнал со вршителот на должноста амбасадор на Државата Катар во Северна Македонија Рашид Бин Саид Ал-Кајарин со кого разговарале за натамошно унапредување на економските односи помеѓу двете земји.

- Посебен акцент беше ставен на продлабочување на соработката во областа на инвестициите, вработувањето и инфраструктурните проекти од взаемен интерес. Во разговорот беше нагласена потребата од унапредување на трговската размена, како и продлабочување на соработката во секторите како што се агро-бизнисот, преработувачката индустрија, логистиката, ИКТ и туризмот, соопшти Министерството за економија и труд.

Дурмиши, стои во соопштението, ја потврдил подготвеноста на Министерството за економија и труд да биде активен партнер и сервис на катарските инвеститори и да обезбеди поддршка во реализација на конкретни проекти.

- Средбата заврши со заедничка определба за зголемување на економската динамика и зајакнување на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Државата Катар, посочуваат од Министерството за економија и труд.лв/са/

фото: Министерство за економија и труд

Остани поврзан