• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерот Горан Минчев со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва

Средба на министерот Горан Минчев со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва

Скопје, 6 декември 2024 

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес оствари средба со амбасадорот на Чешка во Република Македонија, Н.Е. Јарослав Лудва.

Средбата се одржа во Министерството за јавна администрација, каде што беше разгледана можноста за зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји во областа на реформите во јавната администрација и примена на иновативни решенија во управувањето.

Министерот Минчев ја истакна заложбата на Владата на Република Македонија за спроведување на ефикасни административни реформи и сподели дека примерот на Чешка како земја-членка на ЕУ со успешни практики во оваа област може да биде од големо значење за нашите процеси.

Амбасадорот Лудва, од своја страна, ја потврди подготвеноста на Чешка да продолжи да ја поддржува Република Македонија во евроинтеграциските процеси преку техничка и експертска помош во реформите, како и преку размена на искуства и добри практики.

Двајцата соговорници се согласија дека одржувањето на вакви средби е клучно за продлабочување на пријателските односи меѓу Република Македонија и Чешка и за идентификување на области од заеднички интерес каде што соработката може да даде конкретни резултати.

Министерството за јавна администрација ќе продолжи да работи на иницијативи кои ќе придонесат кон модернизација на администрацијата и кон создавање на транспарентни и инклузивни институции кои ќе одговараат на потребите на граѓаните.

Министерство за јавна администрација на Република Северна Македонија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан