Средба на министерката Јаневска со турскиот амбасадор Улусој
- Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска имала средба со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој, на која разговарале за протоколот за соработка во областа на науката, технологијата и иновациите, што треба да биде потпишан до крајот на годинава.
Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска имала средба со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој, на која разговарале за протоколот за соработка во областа на науката, технологијата и иновациите, што треба да биде потпишан до крајот на годинава.
Како што информира МОН, се очекува со овој протокол уште повеќе да се зацврстат добрите билатерални односи, обезбедувајќи нови можности за академскиот кадар и наставно-научната фела во двете земји.
-Оваа тема беше во фокусот на денешната средба, на која двете страни изразија задоволство од добрите досегашни односи меѓу државите и очекувања за заемно делување и во иднина. Министерката Јаневска на состанокот информираше за тековните активности на министерството во насока на обезбедување поквалитетен образовен систем. Сподели и дека над 8000 ученици следат настава на турски наставен јазик во македонските училишта и дека грижата за квалитетно образование на турската заедница, како и за сите останати во државата, ќе продолжи да биде интензивна и подеднаква во иднина, соопшти МОН.
Јаневска на средбата информирала и за активностите кои се веќе почнати во Министерството, а се дел од новата програма за работа на институцијата.
-Честитајќи и на министерката за именувањето на позицијата, амбасадорот Улусој изрази подготвеност за соработка и нови иницијативи во сите образовни сегменти, додава Министерството за образование и наука. хс/нд/
Фото: Министерство за образование и наука