• петок, 05 декември 2025

Средба на министерката Божиновска со Ана Дуковска и Валентина Дисоска - за поттикнување поголема застапеност на жените во енергетиката и во бизнис заедницата

Средба на министерката Божиновска со Ана Дуковска и Валентина Дисоска - за поттикнување поголема застапеност на жените во енергетиката и во бизнис заедницата

Скопје, 6 октомври 2025 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска се сретна со Ана Дуковска, претседателка и ко-основачка на здружението „Јас сум Жена“- организација која има за цел да им помогне на жените да изградат силни професионални мрежи и да добијат менторство од искусни лидери и Валентина Дисоска, претседателка на Асоцијацијата на бизнис жени.

Трите соговорнички, информираат од Министерството за енергетика, жени со силна визија и резултати зад себе, разговараа за иницијативи кои ќе поттикнат поголема застапеност на жените во енергетиката и во бизнис заедницата, со заеднички заклучок дека е време повеќе жени да влезат таму каде што се носат енергетските и економските одлуки.

-Во Министерството ја поддржуваме секоја иницијатива која им дава простор и глас на жените во енергетиката. Овој сектор бара визија, знаење и храброст, а токму тоа жените го имаат. Време е нивната експертиза и лидерски потенцијал да бидат видливи и во енергетиката. Ние не бараме квоти, туку квалитет, изјави министерката Божиновска.

Валентина Дисоска истакна дека поддршката од институциите е клучна.

-Особено е значајно што министерка како Сања Божиновска активно се вклучува во вакви иницијативи. Тоа е вистински пример како жените на позиции на одлука можат да отворат простор за другите, рече Дисоска.

Ана Дуковска додаде дека силните жени мора да работат заедно.

-Силните жени мора да се здружуваат и да работат заедно. Само така ќе изградиме поколение жени кои нема да прашуваат дали можат, туку ќе покажат дека можат, потенцира Дуковска.

Средбата заврши со согласност за натамошна соработка во рамки на конкретни програми и настани кои ќе ја зголемат видливоста и улогата на жените во енергетиката, иновациите и бизнисот.вј/вг/

Фото: МЕРМС

Остани поврзан