Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Сотировски во посета на Ватикан
- На средбата, како што информираат од Комисијата, Сотировски го запознал Кардиналот со состојбата во верската сфера во нашата држава, а се осврнал и на новата состојба постигната со позитивните придвижувања при прифаќањето на статусот на МПЦ-ОА, што овозможува нови перспективи.
Скопје, 13 февруари 2023 (МИА) - Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски денеска оствари средба со кардиналот Курт Кох, префект на Дикастерот за промоција на христијанското единство, во неговото седиште во Ватикан.
На средбата, како што информираат од Комисијата, Сотировски го запознал Кардиналот со состојбата во верската сфера во нашата држава, а се осврнал и на новата состојба постигната со позитивните придвижувања при прифаќањето на статусот на МПЦ-ОА, што овозможува нови перспективи.
Соговорниците размениле мислења по повеќе прашања од заемен интерес и ја реафирмирале посветеноста за понатамошен развој и продлабочување на македонско-ватиканските врски.
Средбата, како што информираат од Комисијата за односи со верските заедници, се одржа во рамки на работната посета на Сотировски на Светата столица. сст/сп/