• четврток, 15 мај 2025

Средба на делегациите на Грција и Турција во рамките на мерки за градење доверба

Средба на делегациите на Грција и Турција во рамките на мерки за градење доверба

Атина, 28 април 2025 (МИА) – Спроведувањето на договорените активности за 2025 година и планирањето на активностите за следната година, биле во фокусот на новата средба на делегациите на Грција и Турција одржана во Солун во рамките на мерките за градење доверба, соопштија од грчкото Министерство за одбрана, јави дописничката на МИА од Атина.

Дел од двете делегации се амбасадори, високи воени офицери и други функционери, а средбата поминала во позитивна клима.

- За време на состанокот, двете страни го разгледаа спроведувањето на меѓусебно договорените активности во Мерките за градење доверба за 2025 година и разговараа за планирањето на активностите за 2026 година, соопштија од надлежното грчко Министерство.

Денешната средба беше организирана од Министерството за национална одбрана на Грција, додека следната ќе се одржи во Турција. ср/сд/

Фото: Министерството за национална одбрана на Грција

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан