• четврток, 26 март 2026

Средба на Вучиќ и на Орбан во Белград

Средба на Вучиќ и на Орбан во Белград

 Белград, 23 мај 2025 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е во работна посета на Србија со унгарската делегација.

„Срдечна и пријателска средба со Виктор Орбан. Денеска имаме целодневни консултации во Белград и водиме стратешки дијалог за четири важни теми: Геополитичка состојба и надворешна политика, Економија и подобрување на нашите односи, Соработка во сферата на одбраната и безбедноста, како и во воено-индустриското производство, Партнерство на Србија и Унгарија во сите други области“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Тој, исто така, истакна дека е горд на пријателството и најдобрите односи во српско-унгарската историја. зш/

Остани поврзан