• сабота, 21 декември 2024

Средба Мисајловски - унгарски амбасадор: Благодарност до Унгарија за поддршката и помошта за нашата државаа

Средба Мисајловски - унгарски амбасадор: Благодарност до Унгарија за поддршката и помошта за нашата државаа

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната средба со  унгарскиот амбасадор Андраш Клајн и со одбранбеното аташе, потполковникот Ласло Надаш, изразил благодарност за големата поддршка и помош која Унгарија и ја дава на нашата држава, соопштуваат од Министерството за одбрана.

- Благодарност до Унгарија која беше наш голем поддржувач за членството во НАТО, која ни помогна кога се соочивме со пандемијата COVID-19, мигрантската криза, поплавите и држава која ни дава поддршка за почеток на преговорите за членство со Европската Унија, рече министерот Мисајловски и додаде дека секоја помош за наш развој во насока на остварување на втората стратешка цел, членство на ЕУ, е добре дојдена.

Амбасадорот Клајн дал уверување дека Унгарија ќе продолжи да ја поддржува нашата земја, политички и советодавно за време на пристапниот процес. 

На средбата се разговарало и за безбедносната состојба во Европа и пошироко, при што министерот Мисајловски нагласил дека остануваме на определбата активно да партиципираме во промоцијата на мирот и безбедноста преку одбранбените иницијативи на ЕУ кои ќе придонесат за зајакнување на глобалната и трансатлантска безбедност.

- Од страна на соговорниците беше разговарано за зајакнување на одбранбената соработка која би опфаќала, заеднички обуки и вежби, користење на нашите регионални капацитети АП „Криволак, Регионалниот центар за односи со јавност, Воено медицинскиот центар, обука и едукација во Центрите за обука во Унгарија, експертски средби во повеќе области и друго, информираат од Министерството за одбрана. ир/дма/

 

Фото:  Министерство за одбрана

 

Остани поврзан