• недела, 22 декември 2024

Средба Меџити - Рокас: Интеграцијата во европското семејство останува наш стратешки и најважен приоритет

Средба Меџити - Рокас: Интеграцијата во европското семејство останува наш стратешки и најважен приоритет

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Интеграцијата на нашата земја во европското семејство останува наш стратешки и најважен приоритет, истакнал вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, на средбата со новиот шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас.

- Ми беше особено задоволство што денеска се сретнав со новиот шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, на кого му посакав топло добредојде и успешен мандат во нашата земја. Оваа средба ни понуди одлична можност за натамошно продлабочување на односите меѓу Северна Македонија и Европската Унија. Истакнав дека интеграцијата на нашата земја во европското семејство останува наш стратешки и најважен приоритет, рекол Меџити, соопшти неговиот Кабинет.

Меџити додаде дека овие средби се од суштинско значење за зајакнување на нашата соработка и потикнување на реформи кои ни помагаат да ги исполниме стандардите и очекувањата на ЕУ.

-Во текот на нашиот разговор опширно дискутиравме за прашања кои влијаат на развојот на земјата, со посебен осврт на политичката и економската состојба во земјата. Друга клучна точка на нашите дискусии беше фокусот на политиките за животна средина, со посебен акцент на иницијативите за заштита на животната средина и соочување со еколошките предизвици, како и важната улога на ЕУ во подобрувањето на овие процеси. Разговаравме и за можностите за финансиска и техничка поддршка од ЕУ за нашите развојни проекти и неопходни реформи, со фокус на конкретни проекти директно поврзани со Министерството за животна средина. Како апсолутен приоритет беше истакнато унапредувањето на реформите и имплементацијата на законодавството за животна средина, согласно европските стандарди!, рече првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. ев/

ФОТО: Министерство за животна средина 

Остани поврзан