• понеделник, 23 декември 2024

Средба Маричиќ – Хан: Поддршка за реформите во судството и европските интеграции

Средба Маричиќ – Хан: Поддршка за реформите во судството и европските интеграции
Скопје, 25 март 2021 (МИА) - Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со еврокомесарот за финансии Јоханес Хан, во рамки на посетата на Брисел.  Маричиќ и Хан на средбата дискутираа  за реформите во правосудството и процесот на дигитализација на судовите. Маричиќ посочи дека во Европската Унија има подготвеност конкретно да помогнат овој процес што ќе претставува зголемување на ефикасноста на судовите и своевиден технолошки скок и како што е предвидено ќе се дигитализираат над 100 судови во земјата. - Добивме поддршка за овие потфати со разгледување на можностите за поголема финансиска помош во делот на дигитализацијата и во делот на зајакнување на администрацијата на судството. Ги дискутиравме сите актуелни моменти во однос на спроведувањето на процесот на набавка на вакцините, но и за тоа како побрзо да се отворат преговорите за државите од Западен Балкан. Добивме поддршка за сите напори. Добивме гаранција дека ЕК ќе продолжи со конкретна поддршка на Северна Македонија, истакна Маричиќ. Министерот за правда нагласи и дека има силна поддршка и надеж за отворање и почеток на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија оваа година. ки/дма/

Остани поврзан