• недела, 22 декември 2024

Средба Исени - Пани, во фокусот заедничката соработка

Средба Исени - Пани, во фокусот заедничката соработка

Скопје, 14 август 2024 (МИА) - Заменик - министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска оствари работна средба со Масимо Пани, офицер за врски и експерт за безбедност при амбасадата на Италијанската Република во Скопје.

На средбата, како што соопшти МВР, Исени ја истакна одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за внатрешни работи на Италијанската Република која е со постојан континуитет и се одвива во духот на традиционално добрите пријателски односи меѓу двете земји.

- Исени потсети на веќе потпишаните билатерални акти со Италијанската Република и го информираше Пани дека во тек е постапка за потпишување на два билатерални акти со посебен акцент на Договор за заемно признавање на возачките дозволи и дека тоа е од голем интерес на македонските државјани кои престојуваат и живеат во Италијанска Република, се вели во соопштението.

Заменик-министерот Исени се заблагодарил за нивната вклученост во тековниот проект во рамки на националната ИПА програма и регионалниот проект кој издвојува парични средства за претстојната Симулациска вежба која ќе се одржи во октомври годинава во Охрид.

- На средбата беше заклучено дека заедничката соработка, со посредство на амбасадата на Италијанската Република во Скопје, е на исклучително високо ниво, со тенденција за развивање и во иднина, стои во соопштението од МВР. мд/aa/

Фото: МВР

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан