Средба Зеленски – Шолц во Франкфурт
- Како што јави ДПА, темата на нивните разговори еден на еден не е објавена, но се верува дека на дневен ред била прекуграничната офанзива на Украина во руската област Курск.
Франкфурт, 9 септември 2024 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Франкфурт се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Како што јави ДПА, темата на нивните разговори еден на еден не е објавена, но се верува дека на дневен ред била прекуграничната офанзива на Украина во руската област Курск.
Зеленски за средбата на Х напиша дека е благодарен за сеопфатната поддршка, особено за воената помош дадена на Украина од почетокот на руската целосна инвазија.
- Оваа поддршка е многу важна – таа е основата на нашата успешна борба за независност на Украина. Благодарен сум на лидерството во зајакнувањето на нашиот систем за воздушна одбрана, што спасува животи на Украина. Разговаравме и за спроведувањето на Формулата за мир и подготовките за вториот самит за мир. Многу го ценам споделувањето на нашите напори за приближување на праведен мир, напиша Зеленски по средбата со Шолц. јт/
Фото: ДПА