• недела, 22 декември 2024

Средба во Водостопанство ,,Тиквеш" за проблемите со наводнувањето

Средба во Водостопанство ,,Тиквеш

Кавадарци, 2 декември 2024 (МИА) - Надминување проблеми од претходни години и создавање услови за наводнување на околу 500 хектари земјоделска површина со лозја, беше целта на денешниот состанок на земјоделци со раководството на Подружницата на АД Водостопанство „Тиквеш" во Кавадарци.

Како што информираа попладнево од Подружницата, по барање на жители на кавадаречкото село Бегниште денеска во просториите на Водостопанство „Тиквеш" се одржа работна посета со директорот на подружницата ,,Тиквеш" Атанас Ризов, во врска со проблемите за поливање на земјоделското земјиште во ова село и се изнесоа идеи и предлози.

Оттаму подвлекоа дека посветено работат на решавање на сите евентуални проблеми на земјоделците. свд/мч/

фото: Подружница ,,Тиквеш"

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан