• недела, 22 декември 2024

Средба Ангелов - Брнз: Тим од Шумската служба на САД ќе пружа поддршка во справување со пожарите

Средба Ангелов - Брнз: Тим од Шумската служба на САД ќе пружа поддршка во справување со пожарите
Скопје, 11 август 2021 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов попладнево во ЦУК оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз.
Целта на средбата, како што информираат од ЦУК со објава на фејсбук-профилот, била претставувањето на тимот од Шумската служба на САД, којшто како поддршка од УСАИД на националните напори за справување со шумските пожари, во наредните две недели ќе пружи поддршка на субјектите и на ЦУК на стратешко и тактичко ниво, но и ќе се програмираат активности за понатамошна соработка.
Од ЦУК потенцираат дека амбасадорката Брнз остварила и средба со членовите на Главниот штаб за управување со кризи, којшто е во постојано заседавање, при што била информирана  и за актуелната состојба и справувањето со пожарите. фф/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан