• петок, 27 декември 2024

Средбата помеѓу Бартомеу и таткото на Меси заврши без конкретно решение

Средбата помеѓу Бартомеу и таткото на Меси заврши без конкретно решение
Барселона, 2 септември 2020 (МИА) - Средбата меѓу претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу и таткото на Лионел Меси - Хорхе, заврши без двете страни да донесат конкретна одлука. Каталонскиот шеф пристигна на состанокот со менаџерот Хавиер Бордас, додека на другата страна од масата, покрај таткото на Меси, беа и неговиот брат Родриго и адвокатот Хорхе Пекур. Барселона е категорична дека дури нема да преговара за можноста Меси да го напушти клубот, иако тоа е токму желбата на самиот играч. За Бартомеу се вели дека бил доста цврст во својата позиција, велејќи дека Лео е клучна фигура во плановите на новиот тренер Роналд Куман. Тој дури рече дека е подготвен да понуди нов 2-годишен договор на 33-годишниот Аргентинец. Сепак, Меси сака да го напушти „Камп Ноу“. Ја изгубил довербата во Бартомеу и сака да бара нов предизвик. Неговата желба е да го раскине договорот со Каталонците, искористувајќи ја клаузулата во него. Средбата меѓу двете страни траеше повеќе од час и половина, но без вистински резултат. Разговорите се очекува да продолжат утре во надеж дека ќе се постигне компромис.

Тагови

Остани поврзан