• петок, 05 декември 2025

Регионален форум за заштитените подрачја во Македонија, Албанија и Косово

Регионален форум за заштитените подрачја во Македонија, Албанија и Косово

Скопје, 18 јуни 2025 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска во Тетово ќе учествува на регионалниот форум „Добро управување и меѓуинституционална соработка во заштитените подрачја во Северна Македонија, Албанија и Косово“.

Форумот го организира ЦНВП  - Организација за поврзување на природните вредности и луѓе.

Форумот е насочен кон унапредување на соработката меѓу националните паркови, општините, подрачните единици и други релевантни институции, со цел подобрување на состојбата со животната средина и зајакнување на доброто управување во заштитените подрачја.

Настанот е финансиски поддржан од ПОНТ, во рамки на проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Шара, Кораб-Коритник и Албанските Алпи“.са/ев/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан