• петок, 05 декември 2025

Србљак поради повреда го предаде дуелот на фјучерсот во Загреб

Србљак поради повреда го предаде дуелот на фјучерсот во Загреб

 

Загреб, 25 јуни 2025 (МИА) – Македонскиот тенисер Горазд Србљак го заврши настапот на ИТФ фјучерсот во Загреб, откако попладнево поради повреда го предаде дуелот против седмиот носител Никита Маштаков од Украина при резултат 1-1 во сетови и водство на противникот од 4-1 во третиот сет.

Украинскиот тенисер го отвори дуелот со два врзани гема, но Србљак врати со серија од 4-0 и го освои првиот сет со 6-4.

Во вториот сет при водство од 2-1 за Србљак, украинскиот тенисер дојде до предност од 4-2 и успеа да израмни на 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет, во четвртиот гем, Маштаков направи брејк и поведе со 3-1 во гемови, а по завршувањето на следниот гем Србљак поради повреда го предаде мечот. Во моментот на прекин дуелот траеше два часа и 45 минути.

Утре во второто коло Калин Ивановски на истиот турнир ќе игра против вториот носител Душан Обрадовиќ од Србија. ег

ФОТО: МТФ

Остани поврзан