• недела, 22 декември 2024

Србљак го заврши настапот на фјучерсот во Анталија

Србљак го заврши настапот на фјучерсот во Анталија

 

Анталија, 27 март 2024 (МИА) – Македонскиот тенисер Горазд Србљак го загуби дуелот од првото коло на фјучерсот во турскиот град Анталија од холандскиот тенисер Стиј Слумп со 2-1 во сетови (6-7, 6-3, 6-1) по два часа и 51 минути игра.

Србљак на главниот турнир успеа да се пласира откако оствари три победи претходните три дена во квалификациите.

Првиот сет му припадна на македонскиот тенисер во тај-брејкот, но холандскиот противник дојде до победата со пресврт во следните два сета.

Турнирот во Анталија се игра за награден фонд од 15.000 долари. ег ФОТО: МТФ

Остани поврзан