• сабота, 21 декември 2024

Србија: Управата на Електротехничкиот факултет поднесе оставка поради барање за изјава од властите за евентуалниот ископ на литиум и проектот „Јадар“

Србија: Управата на Електротехничкиот факултет поднесе оставка поради барање за изјава од властите за евентуалниот ископ на литиум и проектот „Јадар“

Белград, 8 октомври 2024 (МИА) - Целата администрација на Електротехничкиот факултет во Белград на чело со деканот Дејан Гвоздиќ денеска поднесе оставка. Ова беше направено на седницата на Просветно-научниот совет на која ЕТФ требаше да даде изјава за ископ на литиум и проектот „Јадар“, јавија белградските медиуми. 

  Гвоздиќ на седницата што доцнела половина час рекол дека раководството на факултетот поднесува оставка, дека ја разгледале состојбата во која се наоѓа факултетот и дека „не е добра“, како и дека „непотребно се нашле во тешка ситуација“, јави ТВ Нова.

Данијела Несторовиќ, пратеничка на Еколошкото востание, денеска на седницата на српскиот Парламент на која се расправа за литиум изјави дека целото раководство на Електротехничкиот факултет во Белград поднело оставки.
„Целото раководство на ЕТФ, предводено од деканот проф. д-р Дејан Гвоздиќ, поднесе оставка, тоа беше направено на седницата на Научно-наставниот совет, каде што ЕТФ требаше да даде изјава за ископувањето на литиум и проектот Јадар. “ изјави Несторовиќ.

Несторовиќ рече дека властите постојано вршат притисок врз граѓаните, професорите и факултетите и дека лажат за проектот и за компанијата „Рио Тинто“, што би експлоатирала литиум и бор во Јадр. зш/

Остани поврзан