• четврток, 09 јануари 2025

Србија: Укината одлуката за одбивање да му се одреди притвор на Горан Весиќ

Србија: Укината одлуката за одбивање да му се одреди притвор на Горан Весиќ

Нови Сад, 8 јануари 2025 (МИА) – Апелацискиот суд во Нови Сад денеска соопшти дека предлогот за притвор на поранешниот српски министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ е вратен на повторно одлучување, по жалбата на Вишото јавно обвинителство.

Второстепениот суд ја прифати жалбата на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад и ја поништи одлуката на Вишиот суд во Нови Сад, со која беше одбиен предлогот да се определи притвор за Горан Весиќ, а предметот е вратен на првостепениот суд за нова одлука.

Весиќ е еден од 13-те уапсени за падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Студентите денеска организираа протест во Нови Сад пред обвинителството и судот, наведувајќи дека причината за тоа е последниот рок во кој судот треба да се изјасни дали поранешниот министер Весиќ ќе биде во притвор или не.

Тие носеа транспаренти на кои пишуваше Каде си Весиќ?“, „Каде се крие Весиќ“ и „Весиќ, пак одиш на диета“. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан