• сабота, 10 август 2024

Србија преку САД до финалето на олимпискиот турнир во ватерполо

Србија преку САД до финалето на олимпискиот турнир во ватерполо

Париз, 9 август 2024 (МИА) – Репрезентацијата на Србија е прв финалист во ватерполо на Олимписките игри во Париз.

Србите кои со голема мака ја поминаа групната фаза, успеаја да дојдат на чекор од златото, откако попладнево ја совладаа селекцијата на САД со 10:6.

Првата и третата четвртина завршија 2:2, втората со 4:2, а последната со 2:0 за српските ватерполисти.

Противникот на Србија во големото финале ќе биде познат вечерва по одигрување на натпреварот Унгарија – Хрватска (почеток 19:35 часот). зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан