• четврток, 26 март 2026

Србија обезбеди четиримесечно продолжување на договорот за намалена цена за руски гас

Србија обезбеди четиримесечно продолжување на договорот за намалена цена за руски гас

Белград, 26 мај 2025 (МИА) - Србија и Русија се согласија да го продолжат договорот со кој Белград добива руски природен гас по намалена цена, соопшти денеска српскиот оператор на мрежата, и покрај загриженоста на ЕУ.

Москва ја снабдува Србија со најголемиот дел од својот гас, а Белград плаќа само 275 долари за 1.000 кубни метри според тековниот договор со Москва. Цената е далеку пониска од моменталната пазарна цена во Европа.
Со Анекс на договор, според директорот на Србијагас, Душан Бајатовиќ, продолжени се истите услови што Србија ги имаше досега и тој ќе важи од 1 јуни до 30 септември. 

- Со тоа обезбедивме шест милиони метри кубно дневно гас по нафтена формула. Ценовно гледано, тоа е околу 290 евра, а сега моментно на берзата ТТФ гас за купување е 360 евра за 1.000 метри кубни. Тоа значи дека имаме добар договор, изјави Бајатовиќ за РТС. Тој најави дека нема да има поскапување за домаќинствата, а стопанствениците можат да очекуваат и поволна цена. 

Договорот дојде по разговорите меѓу претседателот Александар Вучиќ и рускиот лидер Владимир Путин во Москва претходно овој месец. зш/

Остани поврзан