• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Србија и ЕУ потпишаа Меморандум за разбирање во врска со минералните суровини

Србија и ЕУ потпишаа Меморандум за разбирање во врска со минералните суровини

Белград, 19 јули 2024 (МИА) - Меморандум за разбирање меѓу ЕУ и Србија за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила беше потпишан денеска во Белград меѓу Србија и ЕУ во присуство на српскиот претставник Александар Вучиќ и германскиот канцелар Олаф Шолц.

Меморандумот за разбирање за критичните суровини меѓу ЕУ и Србија беше потпишан во Палатата на Србија од страна на српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и потпретседателот на Европската комисија и европски комесар за меѓуинституционални односи и стратешко предвидување Марош Шефчович.

На потпишувањето присуствуваа и амбасадорите на Италија Лука Гори, на Германија Анке Конрад и на САД Кристофер Хил, како и министри во Владата на Србија. зш/

Остани поврзан