• петок, 05 декември 2025

СП одбојка: Финска го совлада олимпискиот првак во одбојка

СП одбојка: Финска го совлада олимпискиот првак во одбојка

Манила, 16.септември 2025 (МИА) – Спортистите од Финска во екипните спортови продолжуваат со изненадувањата. По успешниот настап на кошаркарите на Евробаскет, одбојкарската репрезентација на Финска денеска направи изненадување совладувајќи го олимпискиот шампион Франција со 3:2 во сетови, добивајќи го решавачкиот сет со 15:9 на поени.

На Светското првенство настапуваат 32 репрезентации поделени во осум групи по четири селекции. По две победи досега имаат девет репрезентации, додека во групата А сите селекции имаат по три бодови.

Натпреварите од третото коло од групите се играат во среда и четврток. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан