• вторник, 30 јули 2024

СП во нордиски дисциплини: Злато за женската штафета на Норвешка

СП во нордиски дисциплини: Злато за женската штафета на Норвешка

Планица, 2 март 2023 (МИА) – Репрезентацијата на Норвешка го освои златниот медал во женската штафета 4x5 километри на Светското првенство во Планица, Словенија.

Норвежанките патеката ја минаа со време 50:33,3 минути.

Златната штафета на Норвешка ја сочинуваа: Венг, Слинд, Естберг и Калва.

Второто место и сребрениот медал е за репрезентацијата на Германија во состав: Гимлер, Хенинг, Финк и Карл. Тие имаа 20,5 секунди послабо време од победничките.

Со трето време доволно за бронзата завршија ШвеѓанкитеЏ во состав: Рибом, Андерсон, Карлсон , Далквист. Тие беа побавни од Норвежанките за 28,7 секунди. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан