Спречен шверц на 1.100 електронски цигари
- Едно лице утрово е лишено од слобода откако при преглед на возилото што го управувал биле пронајдени 1.100 парчиња електронски цигари скриени во вреќи со грав.
Гостивар, 2 март 2023 (МИА) – Едно лице утрово е лишено од слобода откако при преглед на возилото што го управувал биле пронајдени 1.100 парчиња електронски цигари скриени во вреќи со грав.
Од СВР Тетово информираа дека утрово околу 7 часот и 35 минути на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови, во месноста „Ростушко анче“, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот дебранин Б. З.
- При негов и преглед на патничко моторно возило „сеат алхамбра“ со струшки регистарски ознаки, што тој го управувал, во вреќи со грав биле пронајдени и одземени 1100 парчиња електронски цигари без документација, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Дебраниниот Б.З. е задржан во Полициското одделение Ростуше и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок. згм/цр
Фото:МИА