• петок, 20 декември 2024

Спортскиот директор на ПСЖ во одбрана на Нејмар

Спортскиот директор на ПСЖ во одбрана на Нејмар
Париз, 8 јули 2020 (МИА) - Спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Леонардо одговори на критиките на Жунињо за напаѓачот Нејмар. Поранешниот репрезентативец на Бразил го обвини сонародникот за алчност за пари. - Тој се пресели во ПСЖ само заради парите, рече Жунињо. На ова Леонардо одговори: - Не разбирам зошто претседателот на Лион зборува толку многу за ПСЖ и Нејмар. Треба да си гледа за својот клуб. Ние не зборуваме за тоа што се случува во Лион, затоа барам и од нив да не се мешаат во нашиот клуб и да ги остават на раат нашите фудбалери. зс/

Остани поврзан