• сабота, 21 декември 2024

Според папата Франциск, светот е „срамно неспособен“ да донесе мир на Блискиот исток

Според папата Франциск, светот е „срамно неспособен“ да донесе мир на Блискиот исток

Рим, 7 октомври 2024 (МИА) - Папата Франциск денеска ја осуди „срамната неспособност“ на меѓународната заедница да го запре воениот конфликт на Блискиот Исток, година дена по нападот на Хамас врз Израел.

„Пред една година се запали фитилот на омразата; не потпукна, туку експлодираше во спирала на насилство“, наведе тој во отвореното писмо до католиците на Блискиот Исток.

„Изгледа дека многу малку луѓе се грижат за она што е најпотребно и најпосакувано: дијалог и мир. Насилството никогаш не носи мир. Историјата го докажува тоа, а сепак се чини дека години и години исполнети конфликти не не научија ништо“, напиша Папата.

Папата Франциск, кој понеделникот го направи ден на пост и молитва за католиците низ светот, поотворено зборува за конфликтот меѓу Хамас и Израел во последните неколку недели и се повеќе ја критикува израелската воена кампања. ссм/

фото: архива

Остани поврзан