• понеделник, 23 декември 2024

Според непотврдени информации Гани пребегал во Оман

Според непотврдени информации Гани пребегал во Оман
Душанбе, 16 август 2021 (МИА) - Според непотврдени информации на авганистанскиот амбасадор во Таџикистан, претседателот Ашраф Гани отпатувал за Оман. - Нема веродостојна информација каде се наоѓа претседателот-бегалец. Но, според различни информации, тој директно отпатувал за Оман, изјави авганистанскиот амбасадор Мухамад Захир Агбар. Тој негираше дека Гани пристигнал во Таџикистан. И таџикистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека авионот со Гани не навлегол во воздушниот простор ниту слетал во Таџикистан. Гани вчера замина од Кабул, неколку часа откако талибанците го презедоа Кабул. ми/

Остани поврзан