• петок, 22 ноември 2024

Спомен костурницата од НОВ во Велес вечерва ќе свети во сина боја

Спомен костурницата од НОВ во Велес вечерва ќе свети во сина боја

Велес, 2 април 2024 (МИА) - По повод одбележувањето на 2 април, Меѓународниот ден на лицата со аутизам, вечерва во 20 часот Спомен костурницата од НОВ  во Велес ќе свети во сина боја којашто е заштитен знак на аутизмот.

Покрај тоа, во исто време во Јуроп хаус во центарот на Велес ќе биде прикажана и проекција на анимации со презентација на супер хероите представени во знакот на аутизмот и ќе бидат видливи за сите минувачи од градот.

Организатори на насанот се Здружението на граѓани „ПОПО“ и Јуроп хаус Велес.

Тие потеницираат дека овие настани ги организираат со цел да им сигнализираат на останатите граѓани за поддршка и соработка со лицата со аутизам. ад/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан